Тенисерот кој му нема земено ниту еден сет на Ѓоковиќ е ривалот на Србинот во финалето

Норвешанецот Каспер Руд се пласираше во финалето на завршниот Мастерс АТП турнир во Торино, откако со 2:0 во сетови го победи Андреј Рублев. Едвај 70-тина минути траеше ова полуфинале, во кое Руд беше доминантен.

Во првиот сет Рублев водеше со 2:1 во гејмови, а потоа Руд успеа да добие пет гејма во низа и да го добие првиот сет со 6:2. Серијата на освоени гејмови на Руд продолжи и во вториот сет кога набрзина поведе со 4:0, што значи дека дури девет гејма во низа успеа да ги освои Норвежанецот.

Рублев се обиде да се врати, стигна до негатива од 5:4, но Руд на свој сервис не дозволи да направи од готово-вересија, па со 6:4 го комплетираше мечот и пласманот во финалето. Руд и Ѓоковиќ досега играле три пати и во сите три средби Србинот победувал без да загуби сет.

- Оглас -

Најнови вести