Тенисерот кој пет пати го победи Ѓоковиќ, вечерва ја заврши кариерата (Видео)

После 13 години професионално играње тенис, вечерва во Виена крај на кариерата стави Австриецот Доминик Тим.

Тим едно време беше и третопласиран на АТП листата, во кариерата имаше 348 победи од кои пет против Новак Ѓоковиќ, освои 17 турнири од кои еден гренслем, а се прости како 318-ти на ранг листата и со пораз од Италијанецот Лучано Дардели со 6-7, 2-6.

Еве како изгледаше дел од атмосферата при испраќањето на Тим во пензија:

https://twitter.com/i/status/1848788561882992750

- Оглас -

Најнови вести