Американецот Мекензи Мекдоналд, кој во второто коло на Отвореното првенство на Австралија го направи најголемото изненадување со елиминацијата на Рафаел Надал, веќе е надвор од трката на првиот гренслем-турнир во сезоната. Мекдоналд, кој е на 65-тото место на АТП-листата, загуби од Нишиока, и тоа убедливо со 3:0 во сетови.
Американецот само во првиот сет му даде отпор на јапонскиот ривал, но и тој го загуби во тај-брејк со 7:6. Во вториот и третиот сет, Нишиока лесно со 6:3, 6:2 беше подобар и се пласира во четвртото коло.
Јаник Синер направи голем пресврт и на крајот успеа да го елиминира својот противник, иако губеше со 0:2 во сетови. Гркот Циципас се пласира во следната фаза откако победи без многу проблеми со 3:0 во сетови, а понатаму оди и Феликс Ожер-Алијасим, кој со 3:1 во сетови го победи аргентинскиот ривал.