Јасмине Паолини е изненадувачка полуфиналистка на тенискиот гранслем Ролан Гарос, кој се игра во Париз. За оваа 29-годишна Италијанка тоа е прво гранслем-полуфинале во кариерата.
Во четвртфиналето, Паолини ја совлада Елена Рибакина со 6-2, 4-6, 6-4, а во полуфиналето ќе игра со Арина Сабаленка или Мира Андреева.
Паолини на тој начин го продолжи успехот на италијанскиот тенис, откако Јаник Синер веќе е во полуфиналето кај мажите, а од вчера е јасно дека в понеделник ќе стане првиот Италијанец лидер на АТП-листата.