Тениска доминација како никогаш досега, има и фудбал, одбојка, но и НБА-финалето со зголемени квоти

Дури 10 тениски мечеви се дел од денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Најчесто тенисите се сметаат на најголеми сигурици, па овојпат зголемените квоти за победа на фаворитите се движат од 1.39 до 1.75. Фаворитската улога ја имаат докажаните Чилиќ, Надри, Фриц, Хуркач…

Од фудбалската понуда најатрактивни се мечевите од Европското првенство за играчи до 21 година. Шпанија е фаворит против домаќинот Словачка, а Италија не би требало да има проблеми во пресметката против Романија.

Од кошарките, на програмата е третиот меч од НБА-финалето во којшто Индијана е домаќин на Оклахома, а зголемена е „двојката“, што значи дека тимот кој имаше најдобар скор по регуларниот дел од сезоната, сега е во улога на фаворит.

Зголемена кошаркарска квота има и за победа на Реал Мадрид на свој терен против Уникаха.

Има и два одбојкарски дуели, и тоа од интернационален карактер. Србија е фаворит за победа над Турција, а зголемена квота има и за победа на Франција во пресметката со Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести