Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари со специјално зголемени квоти во три спортови – фудбал, тенис и хокеј на лед. Како ретко досега, доминира тенисот, и тоа со десет меча, четири се фудбаски, а два се хокејски.
Понудата започнува уште во 10.30 часот со мечот меѓу Бикнел и Мартино, каде што специјално зголемената квота изнесува 1,80.
На останатите тениски мечеви, Имер е фаворит против Гинар (1,68), Мајот против Дугаз (1,60), Басолс Рибера против Фет (1,75), Кукушкин против Барето (1,60), Болсова против Росалето (1,77).
Тука се и мечевите од четвртфиналето на Отвореното првенство на САД во женска конкуренција меѓу Јелена Остапенко и Коко Гоф, како и меѓу Сорана Кирстеа и Каролино Мучова. Специјално зголемени квоти има за Гоф (1,40) и за Мучова (1,60), додека кај мажите во американската пресметка, Френсис Тиафо е фаворит против Шелдон (1,47).
Фудбалот е застапен со натпреварите од англиските национални лиги и од ЕФЛ купот, додека хокејот со мечевите од руската КХЛлига.