Тениска легенда повторно ја критикуваше владата во САД: Апсурдно е да не му се дозволи на Новак да игра во Мајами и Индијан Велс

Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, смета дека Новак Ѓоковиќ мора да настапи на првите два мастерс турнири од серијата 1000 во 2023 година кои треба да се играат во Индијан Велс и Мајами.

Мекинро и порача на владата на САД да го укине правилото за забрана на невакцинирани лица против коронавирус да не смеат да влезат во земјата.

„Мислам дека е голема глупост што не смее да игра. Би било апсурдно да не може да игра во Индијан Велс и Мајами. Не ми е јасно уште нешто. Играше на гренслем турнирот во Њујорк во 2021 година кога коровирусот сееше страв низ целиот свет, а потоа му забранија да игра во 2022 година. Би сакал некој да ми ја објасни разликата. Апсурдно е и тоа што минатата година го избркаа од Австралија“, изјави Мекинро.

Првиот турнир од мастерс серијата 1000 во 2023 година треба да се игра во Индијан Велс од 8. до 19. март, додека турнирот во Мајами ќе се игра од 22. март до 2. април.

- Оглас -

Најнови вести