Тениска утка на годината, Даниловиќ ги насмеа сите (Видео)

Олга Даниловиќ ја има тениската утка на сезоната што сепак не беше кобна на турнирот во Палермо, Италија. Младата српска тениска надеж играше во двојки заедно со Романката Габриела Русе и во еден момент имаше чист смеч на мрежа, но го промаши топчето.

Киксот беше интересен и предизвика насмевки кај сите, а и 20-годишната тенисерка самата не можеше да се воздржи и почна да се смее.

https://twitter.com/popalorena/status/1417914658254692355?s=20

Даниловиќ и Русе на крајот се радуваа на победа од 2:1 во сетови против Медисон Инглиш и Саманта Мареј и денеска ќе играат во четвртфиналето во двојки против Рутлајф и Цимерман.

Даниловиќ денеска ќе игра и уште еден меч, во поединечна конкуренција во осминафиналето против Катарина Заватска од Украина.

 

- Оглас -

Најнови вести