11.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Тениска утка на годината, пример како не треба да се смечува (Видео)

Германскиот тенисер Јаник Ханфман без проблеми го победи Аргентинецот Педро Качин на турнирот во Мајорка, но 48-миот на АТП-листата во еден момент прописно се посрамоти.

Ханфман имаше лесна работа да го забие топчето да се освои поен и противникот се откажа, на Германецот доволно му беше само да го допре топчето и тоа да падне во противничкото поле, но се случи нешто неочекувано.

Ханфман го утна топчето и со рекетот ја допре мрежата, па поенот го освои Качин. Германецот вакви неверојатни грешки нема да смее да прави во осминафиналето во кое за противник ќе го има Стефанос Циципас.

Погледнете ја утката која ретко се гледа во професионалниот тенис:

https://twitter.com/i/status/1673346086646194178

- Оглас -

Најнови вести