Италијанската тенисерка Камила Џорџи, се наоѓа под истрага бидејќи наводно користела лажни потврди дека била вакцинирана против коронавирус, и непречено настапувала на турнири.
Истрагата започнала пред една година, а наводните лажни лажни вакцини и потврди се направени под надзор на италијанскиот доктор Гопел кој беше уапсен во септември годинава.
Покрај Џорџи, која е една од најубавите тенисерки на светот, од февруари годинава, под истрага се наоѓаат уште 12 лица. Италијанското обвинителство смета дека Џорџи набавила лажна потврда за да може да настапи на Австралија опен и УС опен, гренд слем турнири за кои беше задолжителна вакцинација против Ковид-19.