Тениски празник во Рим – Надал го победи Ѓоковиќ за рекордна 10-та титула

Рафаел Надал ја освои 10-тата рекордна титула на АТП-турнирот во Рим во спектакуларно финале против Новак Ѓоковиќ. Тениски празник беше во главниот град на Италија, а финалето беше спектакуларно и траеше речиси 3 часа.

Шпанецот беше подобар и победи со 7:5, 6:1, 6:3 за нов пехар во Рим на турнир што се игра на земјена подлога.

Новак Ѓоковиќ остана на петте освоени пехари на престижниот турнир во Рим. Надал сега има двоцифрен број на титули на четири трунири, сите на земјена подлога, а Рим им го приклучи на Барселона, Монте Карло и на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести