7140 Александер Зверев – Карлос Алкарас (15 ч.)
Неверојатно е колку напредуваше шпанскиот тинејџер Алкарас само за шест месеци. Со 14 победи во низа и освоени титули на турнирите во Барселона и Мадрид, тинејџерот блеска и во Париз.
Зверев и Алкарас играа пред 20-тина дена во финалето во Мадрид, а Шпанецот лесно со 6:3, 6:1 го победи многу поискусниот колега. Колку за споредба, Зверев минатата година двапати лесно го победи Алкарас без да загуби сет, а сега е во подредена ситуација.
Предлог тип: 1:3 точен резултат (3.50)
7139 Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал (20:45 ч.)
Уште еден легендарен меч може да очекуваме од најдобрите. Надал, кој има рекордни 21 гренслем-титули, и Ѓоковиќ, кој е број 1 на АТП-листата и има само една гренслем-титула помалку.
Надал е Кралот на Ролан Гарос со 13 титули, а во дуелите против Србинот на овој турнир има седум победи и само два порази. На земјена подлога билансот е 19-8 во корист на Рафа, но, сепак, ако се гледа вкупниот биланс, Ѓоковиќ има 30 победи, а Шпанецот се радувал на 28 меча.
Предлог тип: >38,5 (2.00)
6053 Тајланд – Бахреин (14 ч.)
Пријателски дуел на две селекции коишто играа и пред една недела. Тајланд победи со 3:1 и ја продолжи низата од 12 меча без пораз (10 победи и две нерешени). Тајланд пред три дена играше контролен меч и против Туркменистан и славеше со 1:0, па реално и сега е фаворит за победа, но сигурно дека не треба да се очекуваат многу погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.80)
3178 Влазнија Скадар – Лаци (17 ч.)
Дуел кој треба да го даде победникот на Купот во Албанија. Лаци е тимот кој заврши како втор сезонава и веќе обезбеди излез во Европа, додека Влазнија со победа во Купот може да има европско лето.
Меѓусебните дуели покажуваат дека дури седум од последните 10 меча завршиле со 0-2 гола, но интересно е дека двапати во овој период одиграле и неверојатно ефикасно со по 7+ (5:3 и 5:2). Сепак, ова е меч за трофеј, па еден момент може да биде решавачки.
Предлог тип: 0-1 (2.30)
5241 Белоуздад – Бискра (17:45 ч.)
Белоуздад е најдобриот тим во Алжир оваа сезона и треба да ја освои титулата, а за такво нешто никако не смее да си дозволува да киксира на свој терен во вакви мечеви.
Бискра е во одлична форма и седум меча е без пораз (три победи и четири ремија), но, сепак, денеска ќе заврши оваа нивна убава низа.
Предлог тип: 1-1 (1.59)