Тениски земјотрес: АТП спрема нешто невидено, нема да се бодува Вимблдон поради Русите и Белорусите?

На повидок е голем скандал во тенисот. Асоцијацијата на тениски професионалци, АТП, најави дека нема да го бодува годинешниот Вимблдон доколку остане на сила забраната за настап на играчите од Русија и Белорусија.

Во тек се преговори помеѓу АТП и Вимблдон и ако нема договор во следните 48 часа, тогаш би се играло само за трофејот и за пари, но тенисерите нема да добијат бодови. Титулата на Вимблдон носи дури 2.000 бодови и може да предизвика промени на позиции на АТП-листата.

Забраната за играње на Русите и Белорусите ја критикуваа многумина, меѓу нив и Ѓоковиќ и Надал, кои сметаат дека не е фер кон нивните колеги кои немаат врска со тоа што се случува во Украина.

Вимблдон почнува на 27 јуни, а ако се укинат бодовите, може да има и бојкот на некои од најдобрите тенисери на светот и турнирот не би имал голема смисла.

- Оглас -

Најнови вести