Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој одбележа една ера во светот на тенисот, денеска објави дека става крај на играчката кариера.
Федерер, кој има 20 гренслем-титули, е еден од најдобрите, а за многумина и најдобриот тенисер на сите времиња. Тој уште е најплатениот тенисер според заработката од спонзори, го држи рекордот според број на недели по ред на кои бил прв на АТП-листата, а рекордер е и поброј на сервирани асови.
Последен турнир на кој ќе се појави е Лејвер купот во Лондон следната недела.
„Изминатите три години за мене беа огромен предизвик кога се во прашање повредите и операциите. Работев напорно за да се вратам во форма, но знам кои ми се капацитетите на телото и пораката беше сосема јасна. Имам 41 година, одиграв повеќе од 1,500 натпревари за 24 години, тенисот ми донесе третман каков што не ни сонував. Лејвер купот ќе биде мојот последен АТП-настан. Ќе останам во тенисот, но нема да ме гледате на терените како играм. Тенису, те сакам, никогаш нема да те оставам“, рече, меѓу другото, Федерер во видеопораката до неговите фанови.
To my tennis family and beyond,
With Love,
Roger pic.twitter.com/1UISwK1NIN— Roger Federer (@rogerfederer) September 15, 2022