Најдобриот тенисер од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур беше дисквалификуван од АТП 500 турнирот во Акапулко, откако имаше вербален дуел со главниот судија. при резултат 6:5 во првиот сет за Ботик ван де Зандшулп, Џумхур целосно ги загуби нервите.
Инцидентот се случи кога во момент главниот судија додели еден поен на Холанѓанецот, иако делуваше дека топчето заврши во аут. Џумхур тогаш почна да се расправа со судијата, ги загуби нервите и во еден момент почна да му се заканува дека ќе го убие судијата.
Во тој момент Џумхур доби дисквалификација.