Тениските ѕвезди нема да мрднат денеска од „Форо Италико“

Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Наоми Осака и уште неколку тенисери и тенисерки од самиот врв денеска ќе имаат „дупла“ програма на терените на познатиот комплекс „Форо Италико“ во Рим.

Потоа ќе мора да играат уште еден денеска, бидејќи дождот во Рим што паѓаше вчера целосно ја измести предвидената програма.

Осака прва ја заврши работата и во првиот меч ја победи Доминика Цибулкова со 2:0 во сетови, па подоцна денеска ќе игра со Романката Михаела Бузарнеску, која успеа да мине понатаму откако Јулија Гергес и го предаде мечот во третиот сет поради повреда.

Со победа против Бузарнеску, Осака ќе го сочува првото место на ВТА-листата.

Вториот меч подготвени веќе го чекаат и Федерер по денешната победа против Соуза и Надал, кој го надигра Шарди, експресно во два сета со само еден загубен гем.

Федерер нешто подоцна ќе игра против Борна Чориќ, а Надал за противник ќе го има Николоз Басилашвили.

Ѓоковиќ го почна првиотр меч денеска против Шаповалов, а ако победи ќе игра против победникот од дуелот меѓу Колшрајбер и Чекинато

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести