Тениското финале го играа џинови, заедно испишаа историја во интересна категорија (Видео)

Рајли Опелка е победник на АТП-турнирот во Хјустон и ја освои првата титула на земјен терен во кариерата по триумфот од 6:3, 7:6 против Џон Иснер.

Двајцата американски тенисери заедно влегоа во историјата на тенисот во една интересна категорија, финале на АТП-турнир со највисок тандем во тенисот.

Опелка има 211 сантиметри, а Иснер е висок 208 сантиметри и досега немало повисок пар тенисери што играле тениско финале.

Интересно е што турнирот во Хјустон го освојувал и Иснер, кој победи во 2013 година, и уште еден тениски двометраш, Иво Карловиќ, кој го крена пехарот во 2007 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести