Тенисот му помогна да ја надмине тешката траума

Трикраниот Гренд слем освојувач и своевремено светски рекет број 1, Енди Мареј, се присети на трагедијата која ја доживеал во 1996 година и како тенисот му помогна да ја надмине траумата.

Во неговиот роден град Данблејн во Шкотска, кога Мареј имал само девет години се случи најмасовниот масакр во британската историја. Човек по име Томас Хамилтон убил 16 деца во градинка вклучувајќи и нивниот воспитувач, а потоа извршил самоубиство. Трагедијата се случила во салата за час по физичко, а Мареј добро се сеќава бидејќи бил скриен во една од училниците и ги слушал пукотниците.

„Тенисот ми помогна да се справам со таа траума, затоа е од голема важност во мојот живот. Се случи кога имав девет години и можам да замислам колку им било тешко и на другите деца. Го познавав тој човек лично, ме носеше во детскиот клуб, често ми излегуваше во пресрет за превоз“, истакна Мареј.

 

- Оглас -

Најнови вести