Тенисот незадржливо граби напред – Отвореното првенство на САД со рекорден награден фонд од 57 милиони долари

Тенисот не запира со популарноста, финалето на Вимблдон донесе многу нови фанови на белиот спорт, а паралелно растат и наградите.

Последниот гренд слем во сезоната, популарното Отворено првенство на САД ќе ги урне сите рекорди, а на „Флешинг Медоуз“ од 26 август до 8 септември ќе се игра најскапиот турнир на сите времиња со вкупен фонд од 57 милиони долари.

За шампионите во машка и во женска конкуренција предвидени се премии од 3,85 милиони долари, а наградите во игра на двојки ќе бидат по 740 илјади долари за најдобрите.

Титулите на Отвореното првенство на САД ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.

 

- Оглас -

Најнови вести