Вчерашното издание на Полноќниот експрес во кој нудиме предлог типови за мечеви кои се играат доцна во ноќта, излезе како добитен со вкупен коефициент од 20.87. Четирите тениски натпревари од отвореното првенство на САД ги погодивме точно, па сега ќе се обидеме повторно со случувањата од американскиот Гренд слем да составиме добитен тикет.
Новите предлози имаат вкупен коефициент од 25.70.
Гаел Монфис – Денис Шаповалов (01ч – ОП на САД, трето коло)
До пласманот во третото коло двајцата тенисери победуваа со по 3-0 во сетови, а ноќеска Монфис ја има фаворитската улога во дуелот против незгодниот Канаѓанец. Атрактивниот Монфис досега немал прилика да ги одмери силите со Шаповалов, со значи дека не знае со какви квалитети располага противникот.
Истото важи и за Шаповалов, а токму поради тоа може да очекуваме интересен дуел. И двајцата посакуваат пласман во осминафиналето, па оваа битка може да се одлучи по голем број на гемови.
Предлог тип: >39.5 гемови (1.85)
Андреј Рублев – Ник Кирјос (02:30ч – ОП на САД, трето коло)
Пласманот во третото коло на Отвореното првенство на САД е успех кој Кирјос по четвртипат го повторно. Но, никогаш претходно не се нашол меѓу 16-те најдобри тенисери на овој Гренд слем, па во походот кон осминафиналето на патот му стои младиот руски тениер Андреј Рублев.
Австралијанецот во кариерата само еднаш се сретнал со Рублев, пред помалку од една година во Москва, Кирјос славеше со 2-1 во сетови. Во двата претходни меча Кирјос славеше со 3-0, но Рублев иако загуби сет против Циципас, не се потроши против Симон поради што Французинот се предаде при 1-0 резултат. Сепак, оваа битка ќе припадне на Кирјос, но ќе се намачи за победата.
Предлог тип: 2 & >40.5 гемови(2.85)
Наоми Осака – Кори Гоф (01ч – ОП на САД, трето коло)
Најдобрата светска тенисерка во моментов во обидот да ја одбрани титулата во САД наиде на домашната сензација Кори Гоф. Популарната Коко оствари рекорден пласман на овој Гренд слем со пласманот во третото коло, но немаше среќа бидејќи ждрепката и приреди дуел со Осака.
Јапонката иако загуби еден сет во првото коло, против Линет се консолидира и ги покажа квалитетите. Осака и Гоф немаат меѓусебна историја, а токму во САД може да започне едно големо ривалство кое ќе се гледа во иднина.
Предлог тип: 1 & >20.5 гемови (2.50)
Анет Контавејт – Белинда Бенчиќ (03ч – ОП на САД, трето коло)
Подобриот од овој дуел ќе се сретне со победникот од парот Осака – Гоф, а Контавејт и Бенчиќ имаат еднакви шанси за пласман во осминафиналето. Двете тенисерки дозволија да им биде одземен по еден сет во досегашните два меча во САД, но претстојната пресметка ќе им биде прв вистински предизвик.
Иако и Контавејт и Бенчиќ се во топ 20 тенисерки во светот, досега не бележат меѓусебни дуели. Естонката посакува да го повтори успехот од 2015 година и да влезе во осминафиналето, додека Бенчиќ најмногу стигна до четвртфиналето во 2014 година.
Предлог тип: >22.5 гемови (1.95)