Тензична победа на Реал, Мурињо ќе го пропушти реваншот во Мадрид

За разлика од пред неколку недели, кога беше 4-2 за Португалците, овојпат Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 1-0, што му дава предност пред реваншот во Мадрид од плејофот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Винисиус во 50-тата минута постигна велемајсторски гол, а тогаш почна фрлањето предмети кај него и можеби расистичка навреда од противничкииот играч Престијани, па затоа имаше прекин од десетина минути.

Во финишот, црвен картон доби Жозе Мурињо, па некогашниот тренер на Реал нема да биде на клупата на Бенфика на реваншот во Мадрид. Ова е второ исклучување за Мурињо во ЛШ, првото беше во 2011, кога седеше на клупата на Реал.

Винисиус во кариерата во ЛШ има дадено 31 гол, од нив 13 во нокаут-фазата. Реал има серија од 25 меча по ред во ЛШ, на кои или победува или губи. Последното реми им беше во април 2024 година против Баерн.

- Оглас -

Најнови вести