Тензично е во редовите на Манчестер сити, Гвардиола и Халанд во клинч, веројатно еден од нив налето ќе си оди

Манчестер сити не го искористи киксот на Арсенал и со вчерашниот пораз од Тотенхем пропушти шанса да дојде само на два бода од лидерот на табелата, но главна вест во англиските медиуми е сè полошиот однос меѓу Хосеп Гвардиола и Ерлинг Халанд.

На вчерашниот натпревар повторно на виделина излегоа истите проблеми, играчите на Сити доминираат во поседот на топката, но таа никако да стигне до Халанд и Граѓаните никако да победат на гостувањата кога играат против најдобрите екипи.

Иако Норвежанецот е најдобар стрелец во Премиер лигата со 25 постигнати гола, менаџерот на Граѓаните не е задоволен од неговите настапи бидејќи смета дека не е доволно вклучен во играта на неговиот тим.

Од друга страна, Халанд е незадоволен од тактичките замисли на Гвардиола, кој инсистира да се игра со долг посед на топката и многу додавања, поради што Норвежанецот има малку контакти со топката.

Според англиските медиуми, доколку не се намалат тензиите помеѓу менаџерот и напаѓачот, можно е налето еден од нив двајца да биде принуден да си замине.

- Оглас -

Најнови вести