Вардар води со 16-14 по првото полувреме на големото ракометно дерби против Еурофарм Пелистер, а првото полувреме мина во знакот на две инцидентни ситуации.
Најпрвин Вуко Борозан доби црвен картон за груб фаул во главата на противничкиот капитен Филип Кузмановски, кој реагираше бурно, но беше смирен.
Потоа кога гостинските навивачи влегоа во салата, запалија факел и го фрлија во делот каде што имаше „мирни“ фанови на Вардар, па и тоа предизвика големи тензии и неколкуминутен прекин, но страстите се смирија и мечот продолжи.
Проблем за битолчани е повредата на голманот Брестовац, па останаа само со Митревски како голман во составот.