Тензии во Интер: Камерунецот сакаше да се тепа со Босанецот, Турчин ги спречи, а сè започна поради Србин (Видео)

Фудбалерите на Интер го совладаа Порто со 1:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, но тренерот Симоне Инзаги ќе има доста работа за да ги смири тензиите во соблекувалната.

Во еден момент од дуелот што се играше на „Џузепе Меаца“, дојде до вербална расправија меѓу голманот Андре Онана и напаѓачот Един Џеко, и тоа поради една одлука на српскиот судија Срѓан Јовановиќ, кој ја делеше правдата на натпреварот.

Онана во еден момент протестираше кај судијата Јовановиќ, на што Џеко му одговори да молчи и да се врати на голот.

Тој потег не му се допадна на голманот, па му дофрли нешто на Џеко, кој луто гестикулираше кај својот соиграч.

Поголем инцидент спречи турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу, кој застана пред Онана и му ја стави раката на уста за камерите да не ги забележат неговите зборови.

Онана по натпреварот изјави дека вакви работи редовно се случуваат за време на натпреварите.
„Вакви работи се случуваат за време на натреварите, но нормално, секој има право да мисли што сака. Малку се покачи адреналинот, бевме лути, но кога таквите работи ни помагаат да победуваме, тогаш тоа добро ни доаѓа“, Онана.

- Оглас -

Најнови вести