4.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Тензии во Мадрид: „Кланот“ на Винисиус не ги слуша наредбите на Чаби Алонсо?

Нема мир во Реал Мадрид по новиот неуспех, ремито против Елче на гости, а сега повторно во фокусот на вниманието е односот меѓу Винисиус јуниор и неговиот „клан“ со стручниот штаб предводен од Чаби Алонсо.

Во Мадрид, засега најмногу се загрижени поради лошите односи меѓу играчите и стручниот штаб. Наводно, во клубот го забележале однесувањето на одредени играчи кај вториот гол на Елче, каде што Алваро Родригес бил опколен со петмина играчи на Реал, чии реакции биле невообичаени.


Во клубот сметаат дека играчите од некоја причина премногу лесно го дозволиле тој погодок, а нивниот говор на телото на теренот покажува револт кон идеите на стручниот штаб.

Флорентино Перес има апсолутна доверба во Чаби Алонсо, но повеќе од очигледно е дека неговото раководење со соблекувалната не е на исто ниво како неговото фудбалско тренерско знаење, а тоа е нешто за што му треба искуство.

Не е тајна дека Чаби Алонсо веднаш воведе ред, со оглед дека Карло Анчелоти премногу им попуштал на своите играчи, па за соблекувалната ваква цврста рака е нешто на што многумина не реагираат добро.

„Винисиус јуниор им кажал на своите агенти дека нема да потпише нов договор доколку односот на Чаби Алонсо кон него не се промени“, пишува „АС“.

По „Ел Класико“, наводно Винисиус јуниор директно му порачал на Флорентино Перес дека е незадоволен и дека негов услов да продолжи со преговори е Чаби Алонсо да ги промени своите методи во раководењето со екипата.

Флорентино Перес никогаш не ја криел својата приврзаност кон Винисиус и сака по секоја цена тој да потпише нов договор. Очекувањата се дека токму тој ќе интервенира за да се намалат тензиите меѓу Чаби Алонсо и „кланот“ предводен од Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести