Се крева тензија во редовите на Пари Сен Жермен, а во центарот на вниманието е шпанскиот играч од средниот ред Фабијан Руис.
Во клубот не се задоволни од односот на Руис, откако наводно одбил да настапи поради болка во коленото. Францускиот шампион потврди дека фудбалерот ќе го пропушти првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони против Ливерпул, додека продолжува со индивидуална програма до целосно закрепнување.
Руис е надвор од терените уште од јануари, иако првичните прогнози беа дека станува збор за полесна повреда – „нагмечување на левото колено“. Но, ситуацијата очигледно се искомплицира.
Според раководството, коленото на Руис веќе било „целосно во ред“, па очекувале да настапи на мечот од Лига 1 против Тулуз минатиот викенд. Сепак, Шпанецот јасно ставил до знаење – нема да тренира ниту да игра ако чувствува болка.
Токму оваа одлука дополнително ја вжешти атмосферата во клубот.
Инаку, Руис беше еден од клучните играчи на ПСЖ во минатата сезона, кога Светците стигнаа до тројна круна, со дури 61 настап. Оваа сезона има 24 натпревари, но од јануари е надвор од комбинација и за клубот и за Шпанија.
Тренерот Луис Енрике се обиде да ги смири страстите, потенцирајќи дека на 30-годишниот фудбалер му е потребно време за целосно да се врати во форма.

