Левиот бек на Милaн, Тео Ернандес, предизвика многу контроверзии оваа сезона со неколку ситуации, вклучително и судири со тренерите Пауло Фонсека и Серџо Консеисао, а потоа беше исклучен во плејофот од Лигата на шампионите против Феенорд.
Ернандес побарал да биде заменет на полувремето од натпреварот против Комо, кога неговиот тим губеше, поради проблем со повреда.
Милан на крајот славеше со 2-1 без Французинот во составот бидејќи тој почувствувал болка во листот на ногата и не сакал да ризикува неговата состојба да се влоши.
Сепак, два дена подоцна Тео Ернандес се приклучи на кампот на Франција и изгледаше задоволен што останува во тимот, иако не тренираше.
Неговиот соиграч од репрезентацијата Маркус Турам пак го напушти кампот поради повреда на глуждот и реши да работи со медицинскиот тим на Интер.
Во моментов се шпекулира дека Милан не сака да му го продолжи договорот на Тео Ернандес, па со оглед дека неговиот актуелен договор истекува во 2026 година, продажбата ова лето станува клучна за да се избегне ризикот да замине како слободен играч.
Се претпоставува дека Алекс Хименес ќе го заземе неговото место на левиот бек кога Серија А ќе продолжи следниот викенд.