Тео шоу, Црвено-белите победија на гостувањето во Белград

Црвена ѕвезда го совлада Макаби со 98-92 во меч од кошаркарската Евролига, на кој официјален домаќин беше израелскиот тим, иако средбата се одигра во Белград.

Откако почна израелско-палестинскиот конфликт, Макаби домашните средби од Евролигата ги игра во српскиот главен град, и тоа без присуство на публика. Ѕвезда добро ја познава салата во која со години играше и одлично им дојде ова „гостување“ за да дојде до шеста победа во 16-тиот меч сезонава.

Плејмејкерот Милош Теодосиќ имаше феноменална партија со 27 поени и 14 асистенции и беше најзаслужен за победата.

- Оглас -

Најнови вести