Теодор потпиша за АЕК Атина

АЕК Атина, бранителот на титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, го ангажираше Џордан Теодор, повремениот македонски репрезентативец. Американецот до крајот на сезоната ќе биде член на грчкиот состав, а ќе има шанса повторно да заигра во првенството во кое беше прогласен за најкорисен играч во 2017 година.

Дваесет и деветгодишниот организатор на играта остана без клуб откако договорот со Армани Милано му истече, а пред извесно време беше поврзуван со Дарушафака и Будуќност. Тој е четвртиот кошаркар со македонски пасош кој бил член на атинските „жолто-црни“, по Перо Антиќ, Ристе Стефанов и Врбица Стефанов.

Сезоната 2017/18 беше дебитанска за Теодор во Евролигата, настапи на 21 натпревар и одржуваше просек од 11,6 поени и 4,3 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести