Лидерот на табелата во првата македонска лига, Шкупи, загуби со 0-1 од рускиот второлигаш Воронеж, во контролен меч во Анталија, кој беше прекинат малку предвреме, во 90-та минута, откако на теренот се случи инцидент.
Фудбалер на Шкупи направи фаул од позади, па рускиот играч кој беше удрен тргна да се тепа, и тогаш на терен влетаа резервите на двата тима, без разменети и удари, па судијата реши да отсвири крај.