Тепачка и четири црвени картони по завршувањето на Монако – Лион (Видео)

Лион на гости го победи Монако со 3-2 во дуел после кој Кнезовите најверојатно ги загубија шансите за титула во Франција, па по завршувањето на мечот кој беше одлучен со гол на 17-годишниот Рајан Шерки во 89-та минута, дојде до физички конфликт меѓу дел од играчите. Судијата за време на мечот исклучи еден играч на Лион во 70-та минута, а покажа и уште четири црвени картони (по два на двете страни) поради тепачката.

Провокациите беа големи, паднаа тешки зборови, и по некој удар, настана голема мешаница, а иницијаторите на инцидентот и највоинствените си добија црвени картони. Сега Монако реално веќе нема шанса да биде првак, битка за трофејот ќе водат Лил и ПСЖ, но Монако и Лион кои се во само еден бод разлика, ќе водат голема борба за третото место кое води во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести