Тепачка на тренинг на Баерн Минхен! (Фото)

На фудбалерите на Баерн добро им оди во последните недели од Бундеслигата, но позитивната атмосфера беше расипана денеска, со тепачка за време на тренинг пред мечот со Мајнц.

Според сведоци, Горецка при еден дуел го удрил Боатенг, по што поранешниот германски репрезентативец му вратил на соиграчот со удар во лицето, но веднаш притрчал Роберт Левандовски, кој го оттргнал Боатенг и спречил поголема тепачка и мешаница. Тренерот Ханси Флик разговарал со искусниот Боатенг и со Горецка, и двајцата добиле укор, но нема да бидат парично казнети.

- Оглас -

Најнови вести