Тепачка во НБА, Њу Орлеанс губеше 17 во третата четвртина, а на крајот победи со плус 18 разлика (Видео)

Вкупно девет натпревари се одиграа во НБА-лигата, а најинтересно беше во „Смути кинг центарот“, каде што Њу Орлеанс пеликанс надополнија 17 разлика против Сан Антонио и на крајот победија со 114:96.

Гостите водеа со 50:33 во втората четвртина, а на полувреме заминаа со 13 поени разлика. Сан Антонио повторно водеше со 17 разлика и во третата четвртина, и тоа со 64:47, но потоа гостите како едноставно да застанаа. Њу Орлеанс прво со серија од 13:0 намалија на 64:60, а четири разлика беше и на крајот од третата четвртина (79:75).

Во решавачките 12 минути домаќините одиграа како во транс. Њу Орлеанс ја доби последната четвртина со убедливи 39:17 и на крајот славеше висока победа од 18 разлика.

Кливленд стигна до седмата победа по ред откако со 129:123 го победи Мемфис. Овој меч остана во сенка на тепачката која се случи во третата четвртина, а во главна улога беа Донован Мичел и Десмонд Бејн. Двајцата беа во борба за една топка, а откако судиите го прекинаа мечот, ниту едниот ниту другиот не сакаше да попушти и да ги тргне рацете од топката, па се случи неред.

Резултати: Минесота – Оклахома 123:130, Кливленд – Мемфис 129:123, Њу Орлеанс – Сан Антонио 114:96, Атланта – Детроит 143:148, Милвоки – Мајами 120:113, Орландо – Вашингтон 110:90, Торонто – Феникс 127:109, Индијана – ЛА клиперс 129:111, Голден стејт – Далас 126:102.

- Оглас -

Најнови вести