Победата на Детроит над Шарлот од 110-104 ја одбележа богатата ноќ во НБА-лигата не само затоа што на Хорнетс им беше прекината серијата од девет победи по ред, туку и поради инцидентот во кој беа исклучени четворица кошаркари.
Муса Дијабате направи фаул над Џејлен Дуран, а играчот на Детроит го „закачи“ по лице домашниот кошаркар и така почнаа хаосот и мешаницата која траеше повеќе од половина минута. Тензиите продолжија и по оваа тепачка, па исклучување доби и тренерот на Хорнетс.
PISTONS AND HORNETS GET INTO IT!!! 😳😳
4 EJECTIONS. 4!!! pic.twitter.com/Gcl67LCh0s
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 10, 2026
Донован Мичел и Џејмс Харден му донесоа победа на Кливленд над Денвер од 119-117, и тоа со пресврт, откако во еден период од последната четвртина Никола Јокиќ и другарите имаа двоцифрена предност. Јокиќ направи трипл-дабл, 183-ти во кариерата, но имаше и седум загубени топки.
Најлош тим во моментов е Сакраменто, кој го претрпе и 13-тиот пораз по ред. Кингс беа надиграни од Њу Орлеанс со 94-120. Ова е најцрна серија на Кингс откако пред 40 години се преселија од Канзас во Сакраменто.

