Тепачки, поништени голови, црвени картони, и гол во 101-ва кој ги направи недобитни квотите на денот

Екипите на Интернасионал и Ботафого одиграа хаотичен натпревар од бразилската Серија А, а голот за победа od 3-2 кој го постигнаа гостите од Рио де Жанеиро во 11-тата минута од судиското продолжение, спречи вчерашните предложени квоти на денот во Sport Life да бидат добитни.

Уште во 7-ма минута Ботафого остана без еден играч кој доби директен црвен картон. Интер брзо после тоа даде два гола за 2-0, но гостите до крајот на првото полувреме намалија на 2-1.

Во вториот дел, прво беше поништен гол на домашните, а Ботафого изедначи. Во 94-та минута, на Интер му беше поништен уште еден гол, а во 101-ва, Ботафого даде и трети погодок со човек помалку.

Во 106-та минута беше покажан црвен картон и за домашен играч кој ги загуби нервите, а после последниот судиски свиреж, имаше тепачка и голема мешаница на теренот.

- Оглас -

Најнови вести