14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Тепачот Даер доби четири меча суспензија

Ерик Даер ќе пропушти четири од последните пет натпревари во Премиер лигата откако англиската асоцијација го казни со четири меча суспензија. Англискиот репрезентативец дополнително ќе плати 40.000 фунти за инцидентот кој се случи на 4 март, за време на дуелот против Норвич од ФА купот.

По крајот на дуелот Даер се втрча кон трибините за физички да се пресмета со еден навивач, а Фудбалската федерација го оцени неговиот потег како непрофесионален. Казната за Даер стапува на сила веднаш, што значи дека утре нема да биде во составот за гостувањето кај Борнмут, додека ќе пропушти клучни дуели како градското дерби против Арсенал, потоа со Лестер и Њукасл.

За Жозе Мурињо ова се дополнителни главоболки бидејќи Даер играше стандардно на стоперската позиција откако продолжи сезоната.

- Оглас -

Најнови вести