Теплице, Сити, Рома… Џеко кога блеска, П’лзењ со полна мрежа си оди дома

Един Џеко си има омилен тим против кого редовно дава голови, а вечер повторно ќе му биде ривал во мечот од Лигата на шампионите. Чешкиот П’лзењ нема дерман од босанскиот репрезентативец, кој постигнува голови против овој тим без разлика чиј дрес го носи.

Почна во Теплице, а П’лзењ му остана во убави спомени бидејќи во март 2006 година против сегашниот чешки првак го постигна првиот гол во тамошната лига. Џеко тогаш играше за Теплице, влезе во игра како резерва, го постигна деби-голот во чешкиот шампионат и му помогна на тимот да приреди подвиг. П’лзењ тогаш имаше предност од 3-0, но со помош на Џеко, кој внесе свежина во нападот на Теплице, гостите израмнија на 3-3.

П’лзењ немаше среќа со Џеко и кога тој настапуваше за Манчестер сити. Им даде два гола во два меча од Лигата на шампионите, а потоа ја зголеми квотата на голови против денешниот ривал, како фудбалер на Рома. Во 2015 година постигна хет-трик за „волчицата“ во победата од 4-1 против П’лзењ. Или, вкупно има постигнато шест гола против чешкиот првак на седум одиграни натпревари против нив.

Денеска Един повторно ќе биде главната закана за П’лзењ, и повторно како фудбалер на Рома, на дуелот од ЛШ, што ќе се игра на „Олимпико“ во Рим од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести