Барселона наскоро ќе отпатува во Јапонија и Јужна Кореја на својата азиска претсезонска турнеја, но сите фудбалери нема да патуваат со тимот.
Според каталонскиот весник „Мундо dепортиво“, донесена е одлука голманот Марк-Андре тер Штеген да не патува со екипата поради повреда на грбот.
Сепак, можно е повредата да е само изговор бидејќи Тер Штеген веќе не е дел од плановите на Ханси Флик за следната сезона. Тој ќе остане во Барселона и ќе продолжи со индивидуални тренинзи во тренинг-центарот на клубот.
Има шпекулации дека клубот се надева на понуда која ќе ги задоволи бидејќи не е тајна дека Барселона сака да се ослободи од неговата голема плата и да го растовари буџетот.
Германецот досега го одби интересот од Монако, Интер и од Галатасарај, барем според шпанските медиуми. Ако не смени клуб, можно е Тер Штеген целата наредна сезона да ја помине без минутажа.
Во меѓувреме, Војќех Шченсни ќе учествува на претсезонските натпревари како што е планирано, а прв голман треба да биде Жоан Гарсија.