Тер Штеген ја спаси Барселона од пораз на „Сан Мамеш“

Извонредниот голман на Барселона, Марк Андре тер Штеген го спаси лидерот во Ла Лига од неочекуван пораз, а Каталонците можат да бидат задоволни и со бод, во ремито без голови.

На „Сан Мамеш“ вечерва Атлетик имаше подобри шанси, но несовладлива пречка беше германскиот голман кај Барселона.

Тер Штеген во неколку ситуации реагираше одлично и е најзаслужен за освоениот бод, иако гостите очекуваат триумф во Билбао.

Сега и трката за титулата станува поинтересна, а Реал Мадрид ја стопи предноста на големиот ривал на само шест бода на 15 кола до крајот на шпанското првенство.

Атлетик освои значаен бод во битката за бегство од опасната зона и има 27 бодови на 13. позиција.

- Оглас -

Најнови вести