Германскиот репрезентативен голман Mарк-Андре тер Штеген е подготвен да дебитира за новиот клуб, Жирона. По повеќе од една деценија помината во дресот на Барселона, Тер Штеген пред неколку дена направи трансфер, и тоа во Жирона.
Голманот го смени клубот, но останува во Каталонија, што значи дека нема да му треба многу да се прилагоди во новата средина.
„Јас сум подготвен да бранам, но одлуката е на тренерот“, изјави тој на прес-конференцијата во четвртокот. Тер Штеген ѝ се приклучи на Жирона како позајмен играч од Барселона до крајот на сезоната и би можел да дебитира на дуелот в понеделник против Хетафе.

