Марк-Андре тер Штеген следната сезона нема да биде капитен на Барселона. Ова е одлуката на неговиот сонародник и тренер на „каталонците“, Ханси Флик, кој поддршка добил и од раководството на клубот.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, ова е обид да се натера голманот да си замине од Барселона, бидејќи веќе е ангажиран Жоан Гарсија од Еспањол, кој треба да биде новата „единица“ на „каталонците“.
Германецот долго беше повреден и веќе не е во прв план во Барселона, а клубот сака да се ослободи од него за да направи простор за платите на новите фудбалери.
„Мундо Депортиво“ тврди дека нов капитен на Барселона ќе биде дефанзивецот, Ињиго Мартинес, еден од фудбалерите кој е меѓу најомилените кај навивачите на актуелниот шампион на Шпанија.