20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Тер Штеген нема да биде капитен на Барселона, познато е кој ќе го наследи

Војната на релација Барселона – Марк-Андре тер Штеген продолжува и по враќањето на екипата од азиската турнеја. Германскиот голман прави се за да му го загорчи животот на раководството, откако беше купен Жоан Гарсија од Еспањол и најавите дека тој ќе биде прв избор.

Германецот одбива да ја потпише медицинската документација со која „каталонците“ ќе може да пријават нов голман на неговото место, а сега Тер Штеген остана и без капитенската лента.

Според шпанските медиуми, фудбалерите веќе имале состанок и донеле одлука нов капитен да биде Френки де Јонг, а негови заменици Рафиња, Педри и Араухо. Доколку ниту еден од нив не биде во првата постава, тогаш капитенската лента ќе биде кај Гави или Ињиго Мартинес.

Голманот веќе 11 години е дел од Барселона, но неговата ера завршува на неславен начин.

- Оглас -

Најнови вести