Тер Штеген оди на операција, ќе го пропушти Европското првенство

Германската репрезентација на претстојното Европско првенство во својот состав ќе го нема одличниот голман Марк Андре Тер Штеген. Чуварот на мрежата на Барселона на 20-ти мај ќе биде опериран во Шведска, и летово ќе се рехабилитира, наместо да биде дел од Панцерите на Еуро 2020.

Искусниот Тер Штеген бранеше на, за нас, историскиот меч со Македонија и не се прослави, прими два гола. На ЕП тој ќе му беше резерва на Мануел Нојер со кого не е во добри односи, па реши да се повлече, а операцијата повеќе му е како изговор, бидејќи како што досега бранеше без операција, така можеше и на ЕП.

„Со лекарскиот тим на Барселона се договоривме да имам операција на коленото. Тажен сум што ќе го пропуштам европското првенство. Од дома ќе бидам меѓу навивачите на мојата земја. Се надевам дека после летните одмори, кога бидам во можност да играм пред навивачи, ми фалат полни трибини. Ви благодарам за поддршката во оваа тешка сезона, и останате здрави“ – напиша Тер Штеген на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести