3.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Тер Штеген оди на позајмица во Жирона

Марк-Андре тер Штеген, искусниот германски голман на Барселона, е на прагот од нов предизвик во кариерата, позајмица во Жирона до крајот на сезоната. Според извори од каталонскиот весник „Спорт“, двата клуба се многу блиску до финализирање на договорот.

Тер Штеген е дел од гигантот од „Камп Ноу“ од 2014 година, со над 420 настапи во сите натпреварувања и 176 натпревари со „чиста мрежа“, но и покрај тоа, неговата иднина во Барселона останува неизвесна. Договорот со клубот е важечки до летото 2028 година, но тренерот Ханси Флик веќе јасно стави до знаење дека 33-годишниот голман не е во неговите планови.

Позајмицата во Жирона ќе му даде шанса да остане во натпреварувачки ритам и да ја задржи формата, особено со мисла на Светското првенство следното лето, каде Тер Штеген се надева да го задржи местото како стартер на германската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести