Марк-Андре Тер Штеген ја доби веста за која чекаше седум месеци, му беше дадено зелено светло да се врати на теренот. Германскиот голман и капитен на Барселона ја повреди тетивата на десното колено во септември и беше на операција, а прогнозите беа дека нема да брани до крајот на сезонава.
Упорноста и професионалноста му овозможија да закрепне во рекордно време, намалувајќи ја предвидената временска рамка речиси за еден месец.
Ова не мора да значи дека ќе биде стартер на претстојните натпревари, напротив, утревечер во финалето на Купот против Реал Мадрид се очекува да биде Војќех Шченсни, а за Лигата на шампионите ако го пријават Тер Штеген, ќе треба да го отпишат Полјакот.
Можеби Тер Штеген ќе добие шанса да брани на натпреваротна 18 мај против Виљареал како симболика бидејќи тоа е противникот против кој Тер Штеген се повреди.
Како и да е, враќање на Тер Штеген е важна вест за тимот на Ханси Флик, кој на финалето во Севиља патува без повредените Марк Касадо, Марк Бернал, Алехандро Балде и Роберт Левандовски. Левиот бек Балде и напаѓачот Левандовски сигурно ќе беа стартери ако беа здрави, па нивното отсуство може да биде хендикеп за Барса, а дали ќе биде и колкав, ќе се види утревечер.