Барселона води на полувреме на гостувањето кај Хетафе со 1:0 и тоа најмногу благодарение на голманот Марк тер Штеген. Кога се работи за голман, најчесто тоа е бидејќи тие имаат за задача да го чуваат својот гол, но овојпат германскиот чувар на мрежата се покаѓа и како одличен асистент.
Во една ситуација Хетафе имаше напад за водство, но Тер Штеген одлично реагираше и во улога на дефанзивец ја расчисти опасноста. Голманот на Барселона не само што спаси погодок, туку во ист момент направи и асистенција за погодокот на Луис Суарес.
https://twitter.com/ZWODDE_/status/1177959832147636226