Марк-Андре тер Штеген откако се повреди и влезе во конфликт со раководството на Барселона, има статус на трет голман кај Каталонците откако во преден план избија Жоан Гарсија, кој летоска пристигна од Еспањол, и Војќех Шченсни, кој беше вратен од пензија.
Германецот може да се врати на голот на Барселона за мечот од Купот на Шпанија против Гвадалахара, но стручниот штаб допрва треба да одлучи. Јасно е само дека Жоан Гарсија ќе добие одмор. Што се однесува до евентуалното останува на Тер Штеген, од Барселона велат дека тој самиот треба да одлучи.
„Сè уште не сме решиле кој ќе биде голман, ќе процениме во следните 24 часа. Марк е фантастичен голман. Имаме тројца фантастични голмани и тоа ме воодушевува. Жоан е број 1, Шченсни имаше неверојатна сезона минатата година и сега ни дава стабилност кога Жоан е повреден. Тој е многу важен и во соблекувалната. Жоан утре ќе одмара, ќе видиме дали ќе биде Шченсни или Марк. Одлуката дали ќе остане е на Тер Штеген. Разговаравме за неговата ситуација. Го почитувам, и како човек е одличен, но тој ќе одлучи дали ќе остане“, вели Ханси Флик.

