Тер Штеген се двоуми: Да остане во Барселона или да направи трансфер во Серија А?

Ситуацијата за Марк-Андре тер Штеген во Барселона е во најмала рака компликувана. „Каталонците“ сакаат да го продадат својот долгогодишен голман, а пораката за такво нешто е ангажманот на голманот на Еспањол, Жоан Гарсија.

Според информациите, Германецот нема намера да си замине и планира да се бори за место помеѓу стативите, но понудата која ја има од Милан го тера да размисли за својата иднина.

Доколку се одлучи да се пресели во гигантот од Серија А, ќе ја добие „единицата“, а неговата главна цел после повредата е да брани. Вредноста на Марк-Андре тер Штеген на трансфер-пазарот е 15 милиони милиони, па толку би изнесувало и обесштетувањето кое би го добиле „каталонците“, но за Барселона многу поважно е што ќе направи простор со неговата плата, бидејќи платите на Гарсија и Шчесни се далеку помали од таа на Германецот.

- Оглас -

Најнови вести