Тер Штеген со неверојатна одбрана ја спаси Барса, и го оддалечи Столе од Каталонија (Видео)

За тренерот Чави, победата на Барселона над Мајорка од 1-0 била историска бидејќи на каталонскиот тим му фалеа дури 17-мина фудбалери, а ги пофали стрелецот Лук де Јонг и голманот Марк-Андре тер Штеген како најзаслужни за триумфот.

Тер Штеген сезонава е многу критикуван, но синоќа ги замолчи сите. Германецот во 92-рата минута имаше спектакуларна одбрана и со чудесна реакција спречи изедначување.

Се шпекулира дека Барселона бара нов голман, на листата на желби им е и Столе Димитриевски, но само како резерва. Ако македонскиот голман прифати да грее клупа, тогаш можеби и ќе оди во големата Барса. Единицата е кај Тер Штеген, особено ако продолжи со вакви интервенции.

Погледнете што одбрани Германецот:

- Оглас -

Најнови вести