Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, би можел да се пресели во турскиот гигант Бешикташ во јануарскиот преоден рок.
Бешикташ има само турски голмани, па сака да го позајми 33-годишниот Германец до крајот на сезоната 2025/26. Тер Штеген би бил стартер и токму тоа му треба за да фати ритам после повредата и да добие шанса да се најде во составот на репрезентацијата на Светското првенство.
Истанбулските Орли веќе контактирале со Каталонците и агентите на голманот за да разговараат за потенцијален договор. Тер Штеген има договор со Барса до 2028, капитен е на тимот, но во моментов е трета опција и кога ќе оздрави нема да добива шанса.

